Конкурс за дизајн на сувенири за Градот Скопје



    МАТА објавува отворен повик за Конкурс за дизајн на сувенири за Градот Скопје. Проектот “Конкурс за дизајн на сувенири за Градот Скопје”, има општа цел за зајакната и подобрена туристичка понуда на Градот Скопје, во функција на подобар имиџ на градот, преку креирање на нова понуда на дизајни за сувенири. Истовремено, преку овој конкурс ќе се овозможи идентификација, промоција и вклучување на креативниот дизајнерски потенцијал на Градот Скопје (и на државата пошироко) со цел истиот да даде свој директен придонес во креирањето на модерни и во духот на времето, сувенири.
    Овој конкурс е организиран од Здружението на граѓани за унапредување на уметничкото знаетчиство и домашно ракотворење МАТА, во соработка со проектниот партнер АГЕНС доо  Скопје и со финансиска подршка од Градот Скопје.
    Наградниот фонд изнесува 36.000,00 денари (прва награда 16.000,00денари, втора награда     12.000,00 денари и третата награда 6.000,00 денари). Победничките дизајни и сите останати пристигнати решенија ќе останат во сопственост на Градот Скопје (при евентуални идни измени на предложените дизајн решенија, ќе бидат консултирани авторите).
    Предложените дизајни на сувенири треба да се однесуваат на  колекција на производи  (најмалку три парчиња) кои треба да се поврзани околу заеднички концепт/тема поврзан со Градот Скопје, во функција на негова промоција.
    Концептот на сувенирите може да биде развиен во керамика, стакло, метал, дрво, камен, кожа, текстил или други материјали.

    Кандидатите задолжително треба да ги достават следниве документи:

    • Пополнета пријава (може да се превземе електронски од www.matacraft.org.mk или во печатена форма од продажното место на АГЕНС во Трговскиот центар Рам Стор – приземје, до шалтерот за Информации)
    • Детални цртежи на целата колекција (најмалку три парчиња) со димензии, боја и опис на материјали. Прифатливи се рачно или компјутерски изработени цртежи.

    Добиените трудови ќе ги оценува жирито составено од домашни експерти според следниве критериуми:

    • Иновација и креативност
    • Културолошка вредност
    • Практичност и можност да се произведува дизајнот
    • Продажен потенцијал на производот
    • Еколошка издржаност на производот

    Крајниот рок за поднесување на пријавите е 01 Декември (понеделник) 2008, Учесниците ќе бидат известени за резултатите од конкурсот најдоцна до 15 Декември 2008.
    Пријавите може да се испратат или достава по пошта, лично или електронски

    По пошта:
    МАТА
    Конкурс за дизајн на сувенири за Градот Скопје
    Чедомир Кантарџиев 3
    1000 Скопје.

    Лично:
    Продажно место на АГЕНС во Трговскиот центар Рамстор – приземје, до шалтерот за Информации.

    Електонски:
    Пријавите можат да се испратат електронски на следната e-mail адресата: zoran.t@matacrft.org.mk ( Предмет: Конкурс за дизајн на сувенири за Градот Скопје).

     

    Конкурс за дизајн на сувенири за Градот Скопје, Октомври 2008

     

    Пријава



     


 Upcoming events
 Retail Outlets
Feudal Tower, Downtown Skopje
Hotel Arka, Old Bazaar, Skopje
Hotel Jugo, Gevgelija
Marinov, Ohrid


 Contacts
zoran.t@matacraft.org.mk
suada.s@matacraft.org.mk
marija.d@matacraft.org.mk
aneta.p@matacraft.org.mk
vesna.a@matacraft.org.mk