| 1. Име на проектот: | “Проект за креативни бизниси” |
|---|---|
| Локација | Скопје, Македонија |
| Временска рамка | 10 Декември, 2010 – 10 Декември, 2013 |
| Донатор | USAID |
| Цели |
Да го поттикне развојот на секторот на креативните индустрии во Македонија, креирајќи можности за постојани вработувања и зголемен приход за креативните микро и мали претприемништва преку: 1. Зајакнување на капацитетот на Центарот за креативни индустрии (ЦИЦ) – Скопје со цел зголемување на бројот на сервисите за компаниите; 2. Овозможување на продуктивно вработување преку работа со невработени, млади и жени со цел започнување сопствен бизнис; и 3. Подобрување на бизнис перформансите на микро и малите претприемништва во секторот на креативните бизниси за да можат успешно да одговорат на барањата на пазарот. |
| Очекувани резултати |
30 нови креативни бизниси ќе бидат основани; 60 нови работни места ќе бидат основани во секторот на креативни индустрии; Повеќе од 40 линии на модни додатоци и додатоци за во домот ќе бидат дизајнирани и развиени од 30 локални дизајнери; 30 нови портфoлија за производи ќе бидат креирани и 160-200 нови прoизводи развиени; 10-20 креативни микро бизниси ќе го зголемат приходот за 12-25%. |
Kликнете за листата на дизајнери
| 2. Име на проектот | “European Values in Heritage” (EVAH) A Project for Awareness-Raising in the Western Balkans |
|---|---|
| Локација | Регион: Џирокастра (Албаниа), Метцово и Јанина (Грција), Призрен (Косово), Охрид и Скопје (Р. Македонија) |
| Time Frame | 31 Декември 2010 – 30 Јуни 2012 |
| Donor | Европска Унија |
| Имплементатори |
Gjirokastra Conservation and Development Organization (GCDO), Albania EGNATIA EPIRUS Foundation (EEF), Greece Academy for Training and Technical Assistance (ATTA), Kosovo MATA (Macedonian Artisans Trade Association), Skopje, Macedonia |
| Цели |
1. Да се подобри свеста на јавноста за културните и економските вредности на историските јадра и занаетчиството како заедничко Европско наследство 2. Да се подобри свеста и да се изградат капацитетите на оние што донесуваат одлуки, за културните и економските вредности на историските јадра и занаетчиството како заедничко Европско наследство 3. Да се развие синергија помеѓу Цивилните организации кои работат на зачувување на историските јадра, споделувајќи ги европските вредности и стандарди |
| Очекувани резултати |
1. Зголемена свесност на јавноста за културните и економските вредности на историските јадра и занаетчиството како заедничко Европско наследство 2. Најмалку 40 клучни донесувачи на одлуки на национално, регионално и локално ниво здобиени со знаење и публикации од четири важни полиња поврзани со културното наследство (историски јадра и занаетчиство) 3.Цивилните организации кои работат на историските јадра и занаетчиството имаат креирано функционална мрежа на делување |
| 3. Име на проектот | Центар за креативни индустрии “Creative Industries Centre” (CIC) |
|---|---|
| Локација | Скопје, Македонија |
| Time Frame | Септември, 2009 – Декември, 2013 |
| Партнери | Градот Скопје, Музеј на Град Скопје МАТА (Македонска Артисанска Трговска Асоцијација), Скопје |
| Имплементатор | МАТА (Македонска Артисанска Трговска Асоцијација), Скопје |
| Цели |
|
| Активности |
Ќе се направат напори за креирање услови за развој и на други сегменти од креативните индустрии, како што се дизајн, архитектура, уметност, моден дизајн, рекламирање, изведувачки уметности и издаваштво. 1. Адаптирање и опремување на центарот со цел спроведување на планираните активност. 2. Развој на тренинг модели и имплементирање на тренинг програми 3. Развој и имплементација на дизајн менторинг програма. 4. Развивање на партнерства и соработка со соодветните образовни установи 5. Дизајн и имплементација на маркетинг сервиси 6. Оформување на лабораторија со следните активности: компјутерска лабораторија, библиотека, мали работилници и продавница 7. Промотивна кампања за центарот |



