

Развој на производи и дизајн
- Координација на консултанти за дизајн и поврзување на занаетчиското производство со македонскиот дизајнерски капацитет
- Имплементација на дизајн
- Адаптација на производ за зголемена маркетабилност
Поврзување со пазарите – Помош во маркетинг
- Учество на интернационални трговски саеми/базари и подготвителни сервиси за учество на ракотворците
- Одржување и развој на релации меѓу купувачи и фасилитирање на посети на купувачи
- Организација на саеми за ракотворби и промотивни настани
- Претставување на рачно изработени производи за коорпоративни подароци и протоколарни потреби
Бизнис обуки – Обука и развој на капацитети
Развој на производи
Подготовка и спроведување на наменски обуки за:
- Како да се подготват успешни колекции на производи
- Определување цена и чинење
- Трендови
- Контрола на квалитет
Маркетинг
- Подготовка за саеми за ракотворби и интернационални трговски саеми
- Дизајн на ефективен промотивен материјал
- Подготовка за извоз: регистрација, документација и транспорт
- Бизнис комуникација, грижа за купувачот и контрола на квалитет
Бизнис, финансиски и административен менаџмент
- Развој на бизнис план и стратешки растеж
- Регистрација и податоци за даноци
- Сметководство и финансиски менаџмент
Техничка помош
Обука и имплементирање на практични вештини:
- Филигран, ткаење, везење, филц
Артисани* – ракотворци и креативни занаетчии
ЦИЦ (Центар за креативни индустрии)
Компјутерска лабораторија
Центарот за креативни индустрии (ЦИЦ) располага со компјутерска лабораторија со три десктоп компјутери и еден лаптоп компјутер, LCD проектор и друга опрема потребна за скенирање, печатење и копирање. Лабораторијата исто така располага и со ADSL интернет конекција. Компјутерската лабораторија овозможува различни активности и услуги како што се: интернет комуникација, истражување на пазарот, скенирање, печатење итн. како и технички предуслови за давање и на други услуги за поддршка на креативните бизниси (нпр: советувања за претприемништво, маркетинг, продажба, промоција, развој на производи).
Библиотека
Библиотеката е уште еден сервис на Центарот кој им е достапен на корисниците. Располага со книги и часописи кои се од интерес за креативните бизниси: креативно занаетчиство, применет дизајн, моден дизајн и графички дизајн, маркетинг, промоција и продажба. Библиотеката располага фонд од околу 200 книги и часописи.











